Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во неделата во Лондон ја освои 21. Грен слем титула во кариерата, а интересно е што по два порази првпат излезе како победник од дуелот со Ник Кирјиос (3-1).
Седмиот играч во светот еден ден подоцна пристигна во Белград и со публиката пред градското собрание ја прослави освоената седма титула на Вимблдон.
Ноле е втор на вечната листа по бројот на освоени грен слем трофеи, а уште еден има Рафаел Надал, кој му честиташе ден по успехот во Лондон.
Пред да излезе пред навивачката публика, Ѓоковиќ се измеша со претставниците на медиумите и уште еднаш го „прочешла“ она што го помина во изминатите две недели во главниот град на Англија.