in ,

WTFWTF Што?Што?

Неверојатен напад на ајкула – Нуркачот во паника, пливал како никогаш досега во животот! (ВИДЕО)

Голема бела ајкула нападнала нуркач во стаклен кафез, кој со невидена сила го скршила на парчиња.

Се појавила застрашувачка снимка на која може да се види моментот кога голема бела ајкула удира во заштитниот кафез на нуркачот – со што го натерала да се бори за својот живот. Шокантната снимка го прикажува нуркачот Џими Партингтон како панично плива да го спаси својот живот по ужасната средба со предаторот од пет метри.

На почетокот на снимката, Џими лежи во проѕирна кутија на површината на водата. Тој гледа како животното плива во морето – но ѕверот полека почнува да се доближува до кафезот. Огромната ајкула тогаш жестоко забрзува низ јатото риби кон кутијата пред да се обиде да ја гризне со своите моќни заби.

Бидејќи кутијата била скршена, Џими излегол од неа и се нашол на површината. Може да се види како очајнички се обидува да се врати во кутијата, пред на крајот да се откаже и отплива на безбедно. Видеото е направено во 2020-та година и објавено во рамките на неделата на ајкулите на „Discovery“. Продуцентот и режисер Џеф Кур рекол: „Ова е филм кој ја следи приказната на мојот пријател, стручен нуркач со ајкули по име Џими Партингтон“.

„Всушност го преживеа ударот на огромната бела ајкула. Успеавме да ја снимиме оваа средба на филм, и тоа е веројатно најспектакуларната секвенца во историјата на Недела со ајкулите“, додал тој.

„Тоа е толку чудесно, бидејќи кога ајкулата го удри Џими, не го ни изгреба. Драматично беше кога мораше да плива за живот назад до чамецот, но беше добро. Но во овој филм има многу повеќе од самата средба“, додал тој.

Во меѓувреме, експерт за ајкули открил најдобар начин да преживеете напад – но мора да бидете храбри.

Морскиот биолог Рајан Џонсон рекол дека најлошата работа што можете да ја направите кога ќе бидете очи во очи со ајкула е да се однесувате како плен.

„Ако се однесувате како плен, веројатно ќе ве третира како плен. Не паничете, не претајте со рацете, не се обидувајте да побегнете. Треба да останете на своето место и во 99,9 проценти од времето ќе си пројдете одлично, а таа ќе си замине“, рекол биологот.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote