Сопственикот на 71-катниот облакодер во јужниот кинески град Шенжен денес го затвори објектот се додека не заврши истрагата зошто зградата се тресе пред три дена.
Компанијата „Шенжен електроникс груп“ објави дека ќе ја затвори деловната зграда „СЕГ Плаза“, висока 356 метри, сè додека инспекторите не си ја завршат работата.
Кога зградата се тресела, предметите на работните маси во зградата се движеле, а вработените биле евакуирани. Објавените видеа покажуваат дека минувачите во паника избегале што е можно подалеку од зградата.
剛剛中午時分,位於深圳華強北,樓高73層的賽格電子大廈突然搖晃,原因不明也沒地震!樓宇內人群和樓下人群紛紛逃命! pic.twitter.com/aoixkH6OeY
— 風再起時【香港挺郭后援會3】 (@dZnJUCdo4FlZqgd) May 18, 2021
Неколку околни згради беа евакуирани, а полицијата и пожарникарите ја блокираа целата област.
Главната конструкција на зградата е безбедна и не се пронајдени пукнатини на зградата или во неговата околина. Првичната истрага ја отфрли можноста дека лулањето на облакодерот е предизвикано од земјотрес.
„СЕГ Плаза“ е отворена во 2001 година, а на неколку пониски спрата има продавници со електронска стока.
Коментари
Loading…