in

Октоберфест ќе биде откажан втора година по ред поради пандемијата!

Популарниот германски настан, Октоберфест ќе биде откажан втора последователна година поради пандемијата од коронавирусот.

Баварскиот премиер Маркус Шодер и градоначалникот на Минхен Диетер Рајтер се согласија на нивниот состанок кој се одржа во понеделникот да го откажат настанот, соопштуваат локалните медиуми.

Октоберфест не е само германски фестивал, туку е и настан од глобален карактер кој привлекува голем број на туристи. Во изминатите години, во просек на настанот присуствувале околу 6 милиони гости, изјави премиерот на Баварија.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote