in

Олимписките игри во 2032 ќе се одржат во Австралија!

Австралискиот град Бризбејн беше назначен за домаќин на Олимпијадата и Параолимпијадата која треба да се одржи во 2032, соопштија од Интернационалниот олимписки комитет.

Градот беше фаворит за да стане домаќин на овие Олимписки игри уште кога беше предложен пред Комитетот во јуни. Австралија со оваа одлука станува трет пат во нејзината историја домаќи на ОИ после Мелбурн во 1956 и Сиднеј во 2000.

„Ова е историски ден не само за Бризбејн и Квинсленд, туку за целата држава. Само светските метрополи можат да обезбедат домаќинство на ОИ, и со ова се докажува дека Бризбејн е светски град“ изјави премиерот на државата, Скот Морисон.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote