in

Moto GP: Оливеира победник на Големата Награда на Каталонија!

Мигел Оливеира во драматичната битка со лидерот на шампионатот Фабио Квартараро искочи како победник и славеше во Барселона.

Возачот на КТМ Оливеира, 26, успеа да се одбрани од нападите на второпласираниот Французин, Џохан Зарко во касната фаза од трката. Квартараро заврши како четврти, веднаш зад австралискиот возач Џек Милер.

Шест-кратниот МотоГП шампион, Марк Маркез, не успеа да ја заврши трката по трет последователен пат. „Се беше тешко, менаџментот на гумите и нападите од Фабио. Бев смирен кога тој ме престигна. Ја видов мојата шанса на правецот и повторно избив на врвот. Ова беше перфектна трка“ изјави победникот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote