in ,

Што?Што? ТаженТажен

Омикрон е како „цунами“ за 71 отсто покачен бројот на заразени од ковид

Светската здравствена организација соопшти дека минатата недела се забележани рекордни 9,5 милиони случаи на ковид-19 ширум светот, со напомена дека зголемувањето на неделниот број на инфекции од 71 отсто се должи на „цунамито“ предизвикано од сојот омикрон.

Минатата недела се пријавени најголем број случаи на зараза со ковид-19 од почетокот на пандемијата“, изјави генералниот директор на СЗО, Теодрос Гебресијус.

Тој вели дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е поголем бидејќи за време на празниците е намален обемот на направени тестирања.

Светската здравствена организација во својот неделен извештај за пандемијата посочува дека биле пријавени и 41 илјада смртни случаи како последица од коронавирусот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote