in ,

Што?Што?

Откриен совршено сочуван ембрион од диносаурус стар 66 милиони години

Фосил од бебе диносаурус, совршено завиткан во јајцето, неодамна пронајден, фрла повеќе светлина врз врските меѓу диносаурусите и птиците.

Фосилот стар 70 милиони години го зачувл ембрионскиот скелет на диносаурус овирапторид, наречен Бебе Џинглијанг по Кинескиот музеј каде што се наоѓа фосилот.

 

Коските на бебињата диносауруси се мали и кревки и многу ретко се зачувуваат како фосили, што го прави ова многу среќно откритие, рече Дарла Зеленицки, вонреден професор на Катедрата за геонауки на Универзитетот во Калгари во Канада.

„Тоа е неверојатен примерок… 25 години работам на јајца од диносаурус и сè уште не сум видел ништо слично“, вели Зеленицки, коавтор на студијата објавена во списанието iScience.

 

Јајцето е долго околу 17 сантиметри, а се проценува дека диносаурусот е долг од глава до опашка 27 сантиметри. Истражувачите веруваат дека како возрасен, доколку живеел, би бил долг околу два до три метри.

Истражувачи од Кина, Велика Британија и Канада ја проучувале положбата на бебето Џинглијанг и другите претходно пронајдени оврапторидни ембриони. Тие заклучиле дека диносаурусите се движеле и ги менувале позите пред да се изведат на начин сличен на младенчињата птици.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote