in ,

Што?Што? ТаженТажен

Откриено што се случило во авионот пред разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли

Кога се дозна дека Бред и Анџелина се разведуваат, многумина тврдеа дека капката која ја прелила чашата е инцидентот којшто се случил во авионот на кој присуствувале и нивните деца.

Кога во септември 2016 година беше објавено дека актерите Бред Пит и Анџелина Џоли се разведуваат, светот беше во шок.

Родителите на шест деца отсекогаш даваа впечаток на складен пар и делуваа заљубено до уши, а од почетокот важат за пример на вистинска љубов во Холивуд.

Шест години подоцна се појавиле деталите за спорниот лет

Имено, пред неколку месеци било откриено дека во ФБИ била започната истрага против Бред, а се појавиле и документи во кои се гледа дека зад сето тоа стои неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли и дека тие се однесуваат на споменатиот настан во авионот.

Како што пишува „Variety“, Анџелина на ФБИ агентот му рекла дека Пит „физички и вербално ја нападнал“ неа, но и на нивните деца во текот на патувањето. Таа тврди дека актерот ја однел во тоалет ја зграбил за главата и ја „залепил“ за ѕидот, па цело време со раката удирал на плафонот и викал: „Ти го уништуваш ова семејство“.

Во текот на истиот лет, како што навела Анџелина, дошло до инцидент кога таа се здобила со повеќе повреди, вклучувајќи и една во пределот на лактот.

Како што истакнала, Пит во тој момент пиел алкохол, а одеднаш ја полил со пиво и истурил вино врз неа.

 

Сето тоа го виделе нивните деца кои во тој момент биле стари меѓу осум и петнаесет години, а откако едно од нив го навредило татко им, Пит „изгледал како да ќе го нападне“ поради што Анџелина застанала меѓу нив, а тој ја фатил за врат и ја турнал на седиштето.

Откако авионот слетал, вкупната штета во него изнесувала 25.000 долари.

Џоли навела дека актерот се однесувал нереално и дека ја исплашил толку многу што се чувствувала како негов заложник.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote