Oвој период е многу е важен за да го зајакнете имунитетот на вашето тело и да остане заштитено од вирусите.
Физичката активност, доволното количество на сон и доволниот внес на витамини се исклучително важни.
Отсекогаш била подобра идејата витамините да се внесуваат преку храната или одредени напитоци. За таа цел, денеска ви претставуваме рецепт за целосно природен сок чии состојки изобилуваат со витамини.
Се верува дека овој напиток, доколку редовно се консумира, може да придонесе за зајакнување на имунитетот.
За подготовка ви се потребни:
- 2 моркови
- 1 јаболко
- 1 грејпфрут
Припремата е многу едноставна – ставете ги сите состојки во соковник и напитокот е подготвен. Доколку немате соковник може да употребите и блендер со тоа што ќе ги изблендирате морковите и јаболката, а потоа ќе го додадете сокот од цеден грејпфрут. Доколку напитокот е премногу густ, додадете малку вода.
Коментари
Loading…