in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Овошје кое го штити и зајакнува имунитетот

Смоквите содржат и до 80 отсто вода, а истовремено се плод со највисоко ниво на природни шеќери, па се исклучителен извор на енергија, а го стимулираат и мозокот, ја подобруваат концентрацијата и меморијата.

Тие се исклучително здрави и има неколку причини зошто треба да ги јадете што почесто додека се свежи, но и сушени во текот на зимата.

Го намалуваат холестеролот

Срцев или мозочен удар може да се случи поради стеснување на артериите. Покрај холестеролот, зголемените триглицериди исто така влијаат на оштетувањето на срцето. Докажано е дека смоквите имаат корисен ефект врз нивото на холестерол во крвта. Растителните стероли како што се стигмастеролот и ланостеролот, кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.

Олеснување кај дијабетесот

Поради количеството шеќер што го содржи, на дијабетичарите им се советува да внимаваат при неговото користење. Меѓутоа, ако се користи во умерени количини, може да ја намали потребата за инсулин кај дијабетичарите.

Ја подобруваат меморијата

Редовното јадење на смокви ја спречува анемијата и ја подобрува меморијата. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот.

Подмладуваат

Поради содржината на значително количество витамин Б комплекс, смоквите обезбедуваат еластичност и сјај на кожата. Ако ги јадете секој ден, ќе забележите драстична разлика во изгледот на кожата на лицето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote