in

Пастрмка во рерна

Риба со зеленчук во рерна.

Состојки:

  • 4 пастрмки
  • 1 кромид
  • 1 глава лук
  • 1 мал морков
  • магданос
  • сол, бибер
  • рузмарин
  • ловоров лист
  • Лимон
  • маслиново масло
  • Малку бело вино

Подготовка:

Исчистете ја и солете ја пастрмката.

Кромидот ситно исечкајте го на коцки, лук, изрендајте го морковот на покрупната страна од рендето, исечкајте го магдоносот, додадете сол, додадете малку бибер и масло, а потоа измешајте и наполнете ја пастрмката.

Тавата добро подмачкајте ја, па наредете пастрмка, прелијте со маслиново масло и бело вино.

Додадете малку рузмарин, ловоров лист и печете на 200 степени додека не порумени.

За време на печењето, повремено прелијте ги со маснотии од тавата.

Процедете преку пастрмката лимон и послужете ја со варен компир, блитва или ориз.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote