in

Последната сезона на Peaky Blinders заврши со снимање!

Според најновите информации, последната сезона од британската популарна серија Peaky Blinders, заврши со снимање.

Веста ја соопшти директорот на шоуто, Anthony Byrne, преку социјалната мрежа Инстаграм. Тој постираше слика и под неа потенцираше дека снимањето на најновата сезона е завршено. Од една страна, ова се возбудливи новости за љубителите на серијата, но од друга страна, ова е последната сезона од серијалот.

Веќе подолг период беше потврдено дека шесттата сезона од ова шоу ќе биде последната во која ќе го гледаме Томас Шелби и неговата банда од Бирмингем. Акторот којшто ја толкува улогата на Томас, изјави дека ќе биде многу чудно да се прости со улогата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote