in

Перез ја забележа својата прва победа во F1!

Возачот на Рејсинг Поинт, Сергио Перез ја забележа својата прва победа во Формула 1 во Големата Награда на Сахир, откако Мерцедес киксна и му ја „украде“ победата на Расел. 22 годишниот Британец го замени Луис Хамилтон и имаше одличен викенд, но серија на непредвидливи грешки ја направија неговата трка пеколна.

Перез имаше одлична трка, откако во првиот круг падна на 19тата позиција. Тој успеа да се врати и ја забелажа својата прва победа во кариерата во F1. На подиумот се најде Естебан Окон заедно со Ленс Строл. На 4тата позиција заврши Саинц, а на 5тата Рикардо. Албон се најде на 6тата, а зад него беа Квијат и двата Мерцедеси. Ландо Норис беше на последната позиција што носи бодови.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote