in

СлаткоСлатко

Пет тајни зошто Јапонките стареат побавно и не се дебелеат

Наоми Моријама е автор на книгата „Јапонките не стареат или дебелеат“, во која беа откриени некои тајни на долговечноста и вечната младост на прекрасните Јапонки. Жените во Јапонија се хранат особено здраво, а јапонската култура налага да се служат мали порции.

Нивната исхрана најмногу се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Покрај тоа што се здрави, сите овие намирници имаат и дејство против стареење, поради што на Јапонките им е тешко да ја одредат возраста, секогаш изгледаат младо.
Во книгата, Наоми Моријама открива пет тајни на убавите Јапонки:

1. Жените во Јапонија речиси секогаш јадат оброци подготвени дома, кои најчесто се состојат од печена риба, лажица ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките консумираат дури 10 отсто од вкупната потрошувачка на риба во светот, додека тие сочинуваат само два отсто од светската популација.

2. Храната полека се готви или на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Типичен јапонски појадок се состои од парче риба, ориз, тофу, алги, супа, кромид, омлет и зелен чај, сето тоа во мали порции. Јадат ориз за секој оброк и тоа е најголемата разлика помеѓу начинот на живот на исток и запад.

3. Слатките десерти се ретки во јапонската кујна, па дури и кога се јадат, секогаш ги има во мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколадо и колачи – тие едноставно се свесни за последиците и штетното влијание на слатките врз здравјето.

4. Родителите ги учат своите деца да јадат полека и да го ценат секој залак. Еве зошто Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до горе и не служат големи порции, а секој вид на храна се служи посебно.

5. Физичките вежби се дел од секојдневната рутина во Јапонија, а за да се одржи здрав начин на живот, Јапонците изградија цела култура на возење велосипед, пешачење и долги планинарења, подвлекува Наоми Моријама во својата книга, пренесена од Аура.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote