in

УбавоУбаво

Пилешко и компир во сос од бешамел: Предлог за денешниот ручек!

Совршената комбинација на пилешко и компир во кремаст сос кое ги буди сите сетила

Потребни состојки:

3 помали компири
1 праз
500 гр пилешки гради
200 гр печурки
150 гр сирење
путер
сол
Италијанска мешавина од зачини

За бешамел сос:

50 гр путер
30 гр брашно
500 мл ладно млеко
40 гр пармезан

 

Начин на подготовка:

Ставете компири во тенџере да се варат. Печурките издинстете ги. Кога ќе бидат готови отстранете ги од оган. Додадете го празот, попржете малку, додадете сол, и додадете го пилешкото. Додадете мешавина од сол и зачини и вратете ги печурките.

Направете бешамел. Ставете путер во тенџере, додадете брашно, попржете малку и додадете ладно млеко. Додадете рендан кашкавал. Истурете го месото над сосот бешамел, промешајте, ставете го во подмачкана тава и изрендајте пармезан. Печете на 180 степени околу 35 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote