Подгответе пита хармоника за појадок и воодушевете го семејството.
Состојки:
- 1 пакување кори за пита
За фил:
- 1/2 л јогурт
- 3 јајца
- 1 лажица сол
- 1 dcl масло
- 1 вреќа прашок за пециво
- 2-3 парчиња сирење
За премачкување:
- 1 јајце
- 1 мала чаша млеко
- 1 мала чаша густ јогурт
Подготовка:
Изматете ги јајцата, па додадете јогурт, сол, масло, прашок за пециво и рендано сирење. Наредете ги корите во форма на хармоника и наредете ги во плех. Истурете го полнењето. Важно е филот да се истури помеѓу секој ред кори за да се апсорбира што е можно подобро.
Изматете ги јогуртот, јајцето и млекото, па прелијте ја питата. Наросете семе од сусам и печете на 200 ° C околу половина час.
На здравје 🙂
Коментари
Loading…