in ,

ТаженТажен

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа светот губи музичка легенда и модел за улоги“

Нејзиниот портпарол појасни дека „ќе има приватен погреб на кој ќе присуствуваат нејзините блиски пријатели и семејството“. „Ве молиме почитувајте ја приватноста во овој тежок момент за нејзиното семејство“, додаде тој.

„Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“ почина денеска мирно на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа, светот губи музичка легенда и ѕвезда која беше пример за останатите“.

Вака изјави претставник вечерва за смртта на поп-иконата која последните години беше во лоша здравствена состојба. Во 2016 година на Тарнер ѝ беше дијагностициран рак на цревата, а во 2017 година и беше трансплантација на бубрегот, објави Гардијан.

Таа е родена како Ана Меј Булок (Ана Меј Булок) на 26 ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси, САД. Нејзината кариера траеше повеќе од половина век и доби широко признание и бројни награди. Родена и израсната во американскиот југ, таа стана и швајцарска државјанка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote