in ,

WTFWTF Што?Што?

Шок во Мексико: Погребале член на семејството, а тој жив им се појавил пред врата

Се појавил 62-годишниот Лоренцо Армендариз, а неговото семејство било шокирано, бидејќи мислеле дека штотуку го закопале.

Лоренцо работел далеку од неговата куќа, а потоа наеднаш му се изгубила секаква трага. Семејството ја известило полицијата која го пронашла телото на мажот.

Сепак, надлежните служби направиле голема грешка. Наместо да го утврдат идентитетот на починатиот според сите протоколи, тие стапиле во контакт со семејството на Лоренсо.

Откако го пронашле телото во близина на местото каде што работел, полицијата без никаква истрага, констатирале дека се работи за лицето по кое се трагало. Меѓутоа, лицето чие тело го пронашле имало слични карактеристики.

Семејството забележало некои разлики кај починатиот, но натажените членови на семејството на Лоренсо биле убедени дека тоа е сосема нормално. Семејството на Армендариз го организирало погребот на 21 декември, а само еден час подоцна тој се појавил на влезната врата

„Требаше да ги видите. Нивните ужаснати и изненадени лица кога среде ноќ се вратив дома “, изјавил Лоренсо.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote