in

Што?Што? WTFWTF

Медицинско чудо – Израелка со две матки роди близнаци

Жена од Израел со две матки родила близнаци, по еден во секоја матка, објави болнциата „Ихилов“ во Тел Авив во четвртокот, па така близнаците првпат се сретнале дури по раѓањето.

Се веруа дека жаната е родена со двојна матка или uterus didelphys. Нејзиниот случај е уште попосбен, бидејќи една атка, исто така, е поделена по средината, истакнуваат лекарите. Близначката бременост во таквите околности е крајно ретка и шасните се еден наспроти милион.

Лекарите постојано ја следеле високоризичната бременост на 31-годишната жена која близнаците ги родила со царски рез во 35-та седмица.

Волницатра соопшти дека мајката рекла дека за својата ретка медицинска состојба дознала кога имала 20 години. Многу пред бременоста, стравувала дека „бебето е расте во десната, помала матка“. Но сега сѐ било поинаку.

„На првиот труднички преглед лекарот речиси се онесвести. Му беа потребни десет минути да ми каже дека имам ембриони во двете матки“, рекла жената.

Во текот на бременоста била многу загрижена, додала мајката Ела Ладатович.

„Близнаците, девојченце и момченце, се слатки и одлични и сигурна сум дека ќе бидат најдобри  пријатели, иако дури сега се сретнаа“, истакнала мајката.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote