Во Бразил беа спасени 39 рудари кој биле поробени да копаат рудник за злато. Сопственикот на рудникот бил познат криминалец и овој немил настан ја отсликува високата стапка на криминал во државата, која најчесто е предизвикана од нарко картелите. Инспекторот за труд, Магно Рига изјави дека неговиот тим ја прекинал операцијата на рудникот кој бил воден од Раимунда Оливеира Нунес, еден од најозогласените криминалци во Бразил.
Работниците во рудникот биле негови робови, односно работеле без да добијат место за спиење и минималми количини на храна и вода. Ова е трет откриен нелегален рудник на Нунес и властите се сомневаат дека има повеќе. Нунес беше обвинета за поровбување на работници уште во 2018 и доби казна од 5 години затвор, но таа сеуште ја нема одлежано казната.
Коментари
Loading…