Мајката и ќерката се шетале во Кент, Англија и пронашле предмет и го донеле во нивниот дом. Мислејќи дека предметот е фосил, мајката и ќерката сфатиле дека она што го нашле е рачна граната од Втората светска војна но, откако експлодирала!
38-годишната Џоди Крус и нејзината 8-годишна ќерка пронашле предмет додека оделе на брегот. Џоди го однела дома фосилот (предметот) за кој мислела дека му припаѓа на животно од античко време.
Мајката и ќерката се обиделе да разберат што е предметот во кујната во нивниот дом. Кога Џоди не успеала, таа побарала помош фотографирајќи го предметот и објавувајќи го на интернет.
Една жена-корисник и рекла на Џоди дека пронајдениот предмет изгледал како измет од кит и може да користи врела игла за да открие што всушност е.
Во моментот кога Џоди ја ставила иглата во предметот, бомбата од Втората светска војна се активирала и експлодирала!
Џоди рекла дека нејзината ќерка избегала врескајќи од кујната а таа некако успеала да ја стави бомбата во лавабото, и избегала од куќата!
Коментари
Loading…