in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Чизкејк од јагоди во чаша – неодолив вкус!

Состојки:

  • – 125 гр сирење маскарпоне
  • – 150 гр јагоди
  • – 4 бисквити
  • – 1 лимон
  • – 1 лажица шеќер
  • – 1 лажица шеќер во прав
  • – 1 лажица путер

Подготовка:

Во тенџере загрејте ги исчистените јагоди, шеќер и една лажица сок од лимон. Мешајте додека шеќерот не се стопи и јагодите да омекнат, три до четири минути.

Измелете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер.

Распоредете ја добиената смеса во две чаши и притиснете ја на дното.

Нежно измешајте го маскарпонето, преостанатиот сок од лимон и шеќерот во прав.

Ставете ја смесата со сирење над бисквитите и над неа сосот од јагоди.

Послужете веднаш.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote