in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Превкусни кофтиња од пилешко месо

Пилешки кофтиња

Состојки:

  • – 500 гр пилешко бело месо
  • – 500 гр тиквички
  • – 1 јајце
  • – 50 гр средина од отстојан леб
  • – 50 мл млеко
  • – 1 лажица презла
  • – сол, бибер
  • – магданос
  • – масло

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги на ситно ренде, додајте половина лажичка сол, па оставете да отстои. Средината на лебот натопете ја со млеко и оставете ја на страна.

Потоа сварете го пилешкото, па исечкајте го на што помали парчиња.

Во подлабок сад се ставаат сечканото месо, исцедените тиквички, јајцето, натопениот леб, зачините, солта, биберот и магдоносот и се меша убаво.

Потоа додадете една лажица переци, смесата да биде мека.

Обликувајте кофтиња дебели до еден прст и превртете го во брашно.

Се пржат на средна температура, на загреано масло.

Времето за пржење е околу пет минути од секоја страна бидејќи месото е веќе сварено.

Послужете со зеленчук и салата по ваш избор.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote