Италијанските фудбалери се пласираа во финалето на Европското првенство, бидејќи ја совладаа Шпанија во полуфиналната пресметка на Вембли по подобрата серија пенали со 4:2 (1:1, 1:1)! Азури ќе игра против подобриот играч од дуелот Англија – Данска за втора титула шампион на Стариот континент.
Најголема заслуга за триумфот има голманот Џанлуиџи Донарума, кој го одбрани пеналот до Алваро Мората во четвртата серија и му овозможи на Жоржињо со прецизен удар да ги одведе Италијанците до петтото финале на Европските шампионати.
Коментари
Loading…