in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Тост со путер од кикирики – слатка закуска која нема да и одолеете

За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.

Потребни состојки:

  • 2 парчиња леб
  • 2 големи лажици путер од кикирики
  • пола банана
  • 60 г чоколадо за готвење
  • 1 лажица стопен путер

Начин на подготовка:

Двете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.

Половина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.

 

Преклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote