in ,

СлаткоСлатко

Рецепт за роловано бело месо

Роловано пилешко со зеленчук и сирење, добар предлог за семеен ручек.

Состојки:

  • – 4 бели пилешки стекови
  • – 200 гр сирење
  • – 4 домати
  • – 1 главица кромид
  • – маслиново масло
  • – трошки од леб
  • – брашно
  • – сол, бибер

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на ситни коцки, па пропржете го неколку минути. Додадете излупени и исечкани домати, пропржете, па зачинете со сол и бибер.

Исчукајте ги шницлите со чекан за месо, па зачинете. На секој стек намачкајте ја смесата од домати, а одозгора изрендајте го сирењето.

Се валкаат прво во брашно, па во јајца и на крај во презла. Ставете во сад подмачкан со масло во кој ќе го печете месото.

Печете на 180 степени околу 30 до 40 минути додека убаво порумени.

Послужете со прилог по желба.

Пријатно!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote