in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 22 АПРИЛ 2023

Времето денес:

 

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Постабилно ќе биде во текот на утрешниот ден, кога само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote