in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Рецепт за фантастични тестенини во сос од авокадо

Состојки:

  • тестенини
  • Карфиол
  • брокула
  • 1 авокадо
  • 1 чешне лук
  • сол, бибер
  • сок од лимон
  • пармезан

* количината на поединечна храна е произволна.

Подготовка:

Лукот исечкајте го на ситни парчиња и малку пропржете го на масло. Помалку од минута е доволно, само да се ослободи аромата.

Брокулата и карфиолот исечкајте ги, посолете малку и пропржете ги додека не омекнат. По потреба додадете малку вода за време на готвењето.

Исчистете го и изгмечете го авокадото со вилушка, додадете малку сок од лимон за да ја задржи бојата.

Кога брокулата и карфиолот ќе омекнат, додадете малку бибер и сол.

Сè убаво соединете: пропржениот лук, брокулата, карфиолот, авокадото и зачините.

Сварете ги тестенините, исцедете ги и додадете го подготвениот сос. Сè убаво измешајте, посипете со пармезан и послужете.

Добар апетит!

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote