in

Риба, која се мислело дека исчезнала пред 420 милиони години, повторно пронајдена во океаните! (ФОТО)

Риба-фосил која живеела пред диносаурусите и се мислело дека исчезнала пред 420 милиони години, повторно пронајдена во океаните.

Рибата, која го носи името coelacanth, беше случајно отриена од страна на јужноафрикански ловци на ајкули во Западниот Индиски Океан, до брегот на Мадагаскар. Рибата претходно била забележана во 1938, но експертите не биле сигурни дали станува збор за истиот вид.

Таа живее во длабоките океански води и освен во Мадагаскар, исто така е забележана и во Танзанија, Јужна Африка и Коморските Острови. Биолозите предупредуваат дека ловењето на оваа риба може да доведе до нивно повторно исчезнување во блиска иднина.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote