Кристијано Роналдо успеа да постигне хет-трик во само 31 минута за Јувентус и успеа да и донесе победа на Старата Дама во натпреварот против Каљари. Натпреварот заврши со 3-1.
Роналдо, 36, ја започна својата голеада со удар со глава, па потоа постигна пенал со десната нога и го гомплетираше перфектниот хет-трик со удар со левата нога. Џовани Симеоне го постигна почесниот погодок за Каљари. Јувентус со оваа победа остана на третата позиција, но сега е на три бода од четврто-пласираната Аталанта.
Коментари
Loading…