in ,

Што?Што?

Роналдо има уште само две опции или да остане во Јунајтед или …

Португалецот нема намера да остане во Манчестер Јунајтед, а со дозвола од клубот сѐ уште не се приклучил на подготовките бидејќи сака да се фокусира на барањето нова работа. Приоритет му е настапот во Лигата на шампионите каде Јунајтед ќе го нема оваа сезона.

Баерн, Интер и Челзи беа клубовите со кои најчесто се поврзуваше Роналдо, но на крајот сите решија да не го доведат. L’Equipe пишува дека Роналдо сега има само две опции, а првата е онаа што воопшто не ја сака – останување во Јунајтед.

Друга опција е Атлетико Мадрид. Иако е голем ривал на поранешниот клуб на Роналдо, Реал, Л’Екип тврди дека поверојатно е тој да замине во Атлетико отколку да остане во Јунајтед. Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, исто така е многу посветен на постигнување договор со Атлетико. Доколку Роналдо не успее да најде клуб кој игра во Лигата на шампионите, тоа ќе го смета за свој личен пораз, додаваат Французите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote