in

Вејн Руни откри кој е неговиот фаворит за освојување на ЕУРО 2020

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изјави дека според него постои само еден главен фаворит за освојување на престојното Европско првенство.

Според Руни, Франција е тимот кој е без концуренција и е најголем фаворит за освојување на натпреварувањето. „Тие се најдобри. Ги имаат Ембапе, Канте, Бензема, Гризман, Варан, Погба и многу звучни имиња. Згора на се тие се и светски шампиони. Тие се без конкуренција“ изјави Руни.

Франција се наоѓа во групата Д, група која е именувана „група на смртта“. Во неа се наоѓаат три репрезентации кои порано го освојувале Европското првенство. Тука се Франција, Германија и актуелниот европски шампион Португалија. Аутсајдерот Унгарија четвртата репрезентација во групата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote