in

Санчо официјално претставен како играч на Манчестер Јунајтед!

Сагата конечно заврши! Англискиот крилен напаѓач, Џејдон Санчо официјално претставен како играч на Манчестер Јунајтед откако се финализираше трансферот вреден 73 милиони футни.

Санчо стана втор најскап англиски фудбалер во историјата и се наоѓа веднаш зад неговиот нов соиграч Хери Мегвајер. Тој потпиша договор во времетраење од пет години со „Црвените Ѓаволи“.

„Секогаш ќе им бидам благодарен на Борусија Дортмунд што ми дадоа шанса да играм професионален фудбал и покрај тоа што знаев дека ќе се вратам во Англија еден ден“ изјави 21 годишниот Џејдон Санчо.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote