in

Сантос играл натпревар со заразени играчи знаејќи за тоа?!

Главна спортска вест во Аргентина и цела Јужна Америка е натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Сантос во рамките на Копа Либертадорес.

Причина за тоа се шпекулациите дека голманот и уште еден играч на Сантос биле позитивни на коронавирус но и покрај тоа настапиле на натпреварот кој заврши без голови.

Голманот Џон Виктор Масиел Фуртадо ги помина сите 90 минути на теренот, а вториот е Вагнер Леонардо кој седеше на клупата на резервни играчи. Двајцата фудбалери на бразилскиот тим веднаш по натпреварот се ставени во карантин и тоа во хотелот во кој беше сместен Сантос по доаѓањето во Буенос Аирес.

Остатокот од тимот се врати во Бразил, додека двајцата играчи ќе останат во Аргентина се додека не добијат негативен резултат од тестирањето, но и додека не се испита дали тие биле свесни дека настапиле на дуелот со Бока Јуниорс иако имале коронавирус.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote