in ,

СлаткоСлатко

Четврта среќа! Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек!

Извор поврзан со Бенифер вели дека тие навистина се венчале, а потврдата за брак е сигнал дека сега се маж и жена…

Според судските записи добиени од ТМЗ, парот добил дозвола за брак во округот Кларк, Невада, која била издадена во саботата, на 16 јули. Документот ги покажува нивните правни имиња – Бенџамин Газа Афлек и Џенифер Лин Лопез.

Бен и Џен првпат се верија кон крајот на 2002 година, но раскинаа во 2004 година. И двајцата продолжија понатаму, се венчаа и добија деца, но поранешните љубовници ја обновија својата романса пред речиси една година и оттогаш се неразделни.

Ова е четврти брак за славната пејачка, а втор за холивудскиот актер. И двајцата имаат по две деца.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote