in

Себастијан Фетел остана после ГН на Британија за да помогне во расчистувањето на отпадоците од трибините

Возачот на Ф1, Себастијан Фетел беше забележан како расчистува ѓубре од трибините на Силверстоун, откако тој учествуваше на трката за ГН на Велика Британија.

Тоа беше тешко попладне за четирикратниот светски шампион, кој се повлече од трката во 40-от круг кога неговиот Астон Мартин претрпе проблем со ладење.

Тој го искажа своето разочарување по трката. “Викендот изгледаше ветувачки и без проблеми, требаше со сигурност да завршам во бодовите” рече Фетел.

И покрај фрустрирачкото попладне, Фетел помина неколку часови во чистење во Силверстоун, откако навивачите направија хаос. На социјалните мрежи се појавија снимки и слики на кои поранешниот возач на Ред Бул и Ферари собира отпад од трибините.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote