in

Серија од популарните Monsters Inc пристигнува наскоро!

Серија базирана според популарните анимирани филмови Monsters Inc. пристигнува на Disney+ следниот месец.

Дејството во серијата се случува 6 месеци по оргиналниот филм, кој искочи во 2001 година, во универзумот на чудовиштата кои работат во компанијата Monsters Inc., односно во секторот MIFT. Серијата го доби името Monsters at Work.

Оргиналниот филм заврши откако компанијата се одлучи да собира енергија преку насмевката на децата, а не преку плашење. Долгоочекуваната серија беше официјализирана уште во 2019, но поради пандемијата беше неколкупати одложувана. Сега нејзината премиера можеме да ја гледаме на 7 јули.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote