Силен земјотрес се случи денес северно од островот Самос, а се почувствува и во Атина и Турција. Според првичните проценки, земјотресот бил 6,7 степени според рихтеровата скала.
Новинарите на Спутник од Грција и Турција и корисниците на социјалните мрежи ги објавија првите фотографии и снимки.
Земјотресот се случи нешто пред 14 часот на грчкиот остров Самос, 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција.
Првиот земјотрес беше проследен со уште три со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени.
Локалните медиуми јавуваат за оштетување на зградите и патиштата, додека извештаите од Турција јавуваат дека неколку згради во крајбрежниот град Измир се срушиле поради земјотресот.
Ова е снимка од уривањето на една од нив!
Коментари
Loading…