in

СлаткоСлатко

Симптоми кои укажуваат недостиг на цинк

Имунолошкиот систем се однесува на цела армија од клетки, хемикалии и процеси, кои неуморно работат за да го заштитат нашето тело од туѓите напаѓачи. Ако помош за вашиот имунитет барате во витамините, минералите и суплементите, секако направете го тоа, а лекарите додаваат дека во овој случај е важно да се изберат вистинските.

 

Цинкот е минерал кој има многу придобивки за нашето здравје. Го зајакнува имунитетот, влијае на растот на косата и ноктите, но и на здравјето на кожата. Има важна улога во синтезата на ДНК и во заздравувањето на оштетените ткива, а исто така има големо влијание и на сетилата за вкус и мирис.

Цинкот може да се конзумира преку одредени намирници или во вид на суплементи, а го има и во многу препарати за обновување на кожата.

Cink se može konzumirati kroz određene namirnice ili u obliku suplemenata, a nalazi se i u mnogim preparatima za obnavljanje kože.

Но, како да препознаете дека на вашето тело му недостасува цинк? Како што пишува „Хелтлајн“, постојат неколку симптоми кои укажуваат на недостиг на овој важен минерал.

Тука спаѓаат: необјаснето слабеење, рани кои воопшто не зараснуваат, недостаток на енергија и хроничен замор, проблеми со сетилото за мирис и вкус, дијареја (пролив), губење на апетитот и отворени рани на кожата.

Секој од овие симптоми е предупредувачки знак бидејќи, освен недостиг на цинкот, може да укаже на многу други сериозни здравствени состојби кои треба да се лекуваат. Како помош во поставувањето соодветна дијагноза, се мери нивото на цинк во крвта, а лекувањето се состои во земање додатоци на цинк.

 

Кога се зема правилно, може да помогне за здравјето на имунолошкиот систем: кога вирусот ќе влезе во крвотокот, цинкот продира во оштетената клетка и го спречува ширењето на инфекцијата.

Каде да го најдете: Еден од најдобрите извори на цинк во исхраната е црвеното месо. Консумирањето на околу 100 грама црвено месо може да задоволи дури 25 отсто од вкупните дневни потреби за цинк. Спанаќот, ракчињата, гравот, карфиолот и ленените семки се исто така одлични извори на цинк.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote