in ,

ТаженТажен

Компанијата сака да ги намали трошоците: Snap отпушта 20 отсто од своите вработени

Извршниот директор на Snap, Еван Шпигел, во порака до вработените во компанијата нагласи дека трошоците на компанијата треба да се намалат за да се избегнат значителни загуби поради нискиот раст на приходите.

Компанијата за социјални мрежи „Снеп“ објави дека одлучила да го намали персоналот за 20 отсто за да ги намали трошоците.

„Иако изградивме значителни капитални резерви и работевме напорно за да избегнеме намалување на нашиот тим, сепак мора да се соочиме со последиците од понискиот раст на приходите и да се приспособиме на пазарната средина“, рече Шпигел.

 

Тој нагласи дека во наредниот период ќе продолжат со напорите повторно да го забрзаат растот на приходите.

Snap Inc. е американска компанија за камера и социјални медиуми основана во 2011 година од Еван Шпигел, Боби Марфи и Реџи Браун.

Компанијата има развиено и одржува технолошки производи и услуги, како што се Snapchat, Spectacles и Bitmoji.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote