Ѕвездата на Портланд Треилблејзерс, Демиен Лилард, верува дека само еден човек ја заслужува МВП наградата во НБА оваа сезона, а тоа е Никола Јокиќ.
Клубот на Лилард во плејоф серијата ќе се сретне со клубот на Јокиќ, Денвер Нагетс, а бекот верува дека Србино е најзасужен за успесите на неговиот тим и мора да ја освои МВП наградата за регуларниот дел од сезоната.
„Јокиќ ги одигра сите натпревари во регуларниот дел од сезоната и играше навистина сензационално. Битни играчи на Денвер се повредија, но тој продолжи да го води тимот кон нови победи. За мене лично тој треба да ја добие МВП наградата, без премногу размислување“ изјави Демиен Лилард за медиумите.