ЈК ја коментираше победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори.
Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил ја коментираше победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД.
Таа напиша дека поради предлогот на Бајден во 90-тите години, децата во Белград и Србија врескаа.
Белград е мојот роден град, јас бев во засолниште со други невини жени и деца кои беа исплашени и врескаа поради вашите предлози – изјави таа со хаштагот #stupidmoteherfckr.
Карлеуша го сподели видеото на Бајден во кое зборува за бомбардирањето на Белград.
Бидејќи доби многу реакции од Босна и Херцеговина, Карлеуша дополнително напиша:
Како што отсекогаш сум била јасна и гласна во осудата на агресијата и злосторствата што ги доживеавте, така и јас логично сум против бомбите што паднаа врз мојот град. Ако за некого е во ред дека Белград бил бомбардиран со милиони невини луѓе, лошо е како и оние што пукаа во Сараево или кој било друг град – напиша пејачката.
Коментари
Loading…