Како што ни открива науката, планетата Земја постои околу 4,5 милијарди години, а луѓето ја нарекуваат „дом“ само 200 илјади години. Така, логично е да се потврди дека нашата планета постоела и се развивала пред нас, а така и ќе продолжи доколку човештвтото евентуално исчезне.
Што би се случило доколку човекот исчезне, предвидуваат експертите:
По неколку часа
Неколку часа откако човештвото ќе исчезне, нема да помине долго додека се почувствува радикалната промена во светот, а планeтата каква што ја знаеме, започнува да се менува засекогаш. Со оглед на тоа што сите електричи централи во светот работат на фосилни горива, кои патем ги произведува човечка сила во електрани, многу брзо ќе снема струја ширум светот. Тоа значи дека сите светла и машини кои функционираат преку електраните ќе престанат да работат. Најверојатно ќе завладее темнина низ светот, но не целосно бидејќи сè уште ќе има струја од резервоарите на соларните панели и ветерниците.
По неколку дена
Иако соларните панели и ветерниците сè уште произведуваат струја, по 48 часа без соодветнo оддржување, истите ќе престанат да работат и тогаш планетата дефинитивно ќе биде без извор на струја. Во меѓувреме, домашните миленици се веќе прегладнети и дехидрирани поради тоа што не добиле соодветна нега. Најголемиот број од домашните миленици започнуваат да умираат бидејќи им фали грижата на која се навикнати, што веќе придонела да не можат да преживеат сами. Подземните метро станици ќе започнат да се поплавуваат бидејќи ќе нема кој да управува со пумпите кои ги одржуваат суви.
За неколку недели, вкрстените раси на кучиња, а особено териерите и булдозите ќе почнат да умираат. Поголемите кучиња ќе започнат да се групираат и да ловат помали животни за да преживеат. Домашните животни ќе станат плен и извор на храна за дивите животни. Наскоро и животните од зоолошките ќе започнат да ги напуштат кафезите и ќе се вратат на природниот животински инстинкт.
По една година
Доколку човештвото исчезне, по една година Земјата ќе започне да се гради самата себе одново поради намаленото загрозување од човекот. Без да ѝ „додева“ човекот, ќе ѝтреба помалку време да се регенерира од сета штета која ја предизвикаа пожарите од штетите на нуклеарните, природните и хемиски централи. Сите производи кои требало да бидат рециклирани најверојатно ќе бидат во водите, а големите контструкции, како мостови, згради или Ајфеловата кула најверојатно „ќе попуштат“, односно ќе започне фазата на распаѓање.
По 25 години
Без човештвото кое им ги мутира гените за побрзо и полесно да растат, растенијата на Земјата ќе започнат да се менуваат. Ќе треба да поминат две децении за целосно, но вегетацијата ќе започне да се враќа во својата „оригинална форма“. Исто така, во меѓувреме растенијата и најверојатно веќе навлегле во градовите, па ги надраснале улиците и објектите кои сега се покриени со трева и останато зеленило. Тогаш со градовите ќе владеат и дивите животни, а градбите ќе започнат да пропаѓаат до целосно уништување. Градовите како Лас Вегас и Дубаи ќе се вратат на својата природна состојба, односно ќе бидат прекриени во песокот од пустината. Загадувањето ќе стане минато, па видливоста во сите градови ќе стане иста.
По 300 години
Животните сега владеат со светот, и некогаш загрозените животни, особено слоновите, сега се враќаат назад на планетата без заканите за истребување како оние од трговците кои тргуваа со слонова коска. Тоа што животните избегале од зоолошките градини придонело до разнолика дистрибуција на најразлични диви животни ширум светот.
Лавовите и слоновите за кои Африка некогаш беше дом сега се шетаат во тоа што останало од Менхетн. Големите конструкции како мостови, згради и Ајфеловата кула пропаѓаат до степен на целосно рушење. И морскиот свет ќе претрпи последици од исчезнувањето на човештвото, бидејќи водите ќе бидат преполни со див свет.
По 10 000 години
Сите градови и индикации дека некогаш постоело човештвото ќе исчезнат, освен некои камени градби. 10 000 години по исчезнувањето на човештвото ќе останат само пирамидите, Кинескиот ѕид и Маунт Рашмор. Се претпоставува дека само овие градби имаат капацитет да издржат толку многу години и тие ќе бидат единствениот сведок за постоењето на човекот на планетата Земја.