in

Тони Кукоч доби место помеѓу легендите! Ќе биде впишан во Куќата на славните!

Легендарниот кошаркар, еден од најдобрите од овие простори, Тони Кукоч ќе стане член на Куќата на славните во кошарката.

Поранешниот играч на Чикаго Булс доби место во Куќата на славни дури 7 години од номинацијата на неговиот поранешен клуб. Тој воедно е и петтиот кошаркар кој доаѓа од Хрватска и е член во Куќата на славни.

Тој ќе им се приклучи на неговите сонародници Крешимир Косиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раѓа. Кукоч освои дури три шампионски титули со легендарната екипа на Чикаго Булс. Тој се пензионираше во 2006 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote