in

Трамп дури сега призна: Не победив на изборите!

Според медиумите, Доналд Трамп конечно признал дека загубил на изборите во САД кои се одржаа минатата година.

Поранешниот претседател на Америка, долго време тврдеше дека всушност тој е победникот на изборите и дека Џо Бајден ги наместил резултатите во негова полза. Ваквите тврдења на Трамп дури и придонесоа некои гласови да бидат пребројани.

Дури и кога ја напушти Белата Куќа, Трамп тврдеше дека тој е победникот, но сега, шест месеци подоцна, конечно попушти. „Не победивме. Требаше да победиме со добра разлика. Ние успеавме да собереме 75 милиони гласови, но не успеавме да победиме“ изјави тој.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote