in

Семејството Трамп планира 25 забави за Божиќ!

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, кои се „решени последната празнична сезона да ја имаат во Белата куќа“, планираат 25 забави во наредните недели, секоја со повеќе од 50 гости.

„Здравствените работници постојано ја предупредуваа Белата куќа да не организира приеми во затворени простории, но тие се помирија со фактот дека Трамп и неговите соработници ќе прават што сакаат.

Белата куќа планира „да ги прослави Божиќ и Ханука истовремено обезбедувајќи најбезбедно можно опкружување“, изјави портпаролката на Првата дама Стешани Гришам, додавајќи дека безбедносните мерки вклучуваат помалку гости на списоците, барања за носење маски и физичко растојание.

До петокот навечер по локално време, САД забележаа повеќе од 14,3 милиони случаи на коронавирус и над 278 000 смртни случаи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote