in

Авион со турскиот министер за одбрана принудно слетал!

Авион со турски министри за одбрана и други највисоки воени претставници принудно слета денеска откако пукна стаклото во пилотската кабина поради пад на птица.

Во инцидентот нема повредени.

Во авионот се наоѓале министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ, генерал Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал Умит Дундар.

Тие се враќаа во Анкара од воздухопловната база во Газиантеп, во близина на границата со Сирија.

Авионот на военото воздухопловство ја погоди птицата кратко по полетувањето и беше принуден да слета во воздушната база во близина на градот Адана.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote