in

СмешноСмешно

ИНТЕРЕСНА ТУЖБА ПОМЕЃУ КИНА И АВСТРАЛИЈА! ТУЖБА ПОРАДИ ЦАРИНАТА НА ВИНОТО!

Австралија поднесе жалба против Кина до Светската трговска организација (СТО) поради царините што Пекинг ги воведе на австралиските вина, објави владата во Канбера.

Жалбата следеше по интензивните консултации со австралиските производители на вино, соопшти владата, додавајќи дека е подготвена за директни преговори со Кина со цел да се реши проблемот.

Тоа е понатамошен чекор во трговскиот спор меѓу Австралија и нејзиниот најголем трговски партнер. Премиерот Морисон предупреди дека неговата влада е подготвена да одговори на сите земји кои се обидуваат да користат економска принуда против Австралија.

Неодамна, Австралија, на самитот на седумте најразвиени индустриски земји во светот (Г7) во Велика Британија, побара посилна позиција на своите партнери кон трговската практика на Кина.

Во последните месеци, Пекинг воведе тарифи за голем број австралиски производи, вклучително земјоделски производи, јаглен и вино, до 218 проценти, како и казнени мерки во туризмот.

Овие мерки практично го затворија најголемиот меѓународен пазар на вино во Австралија: тој продаваше вина за 1,1 милијарда австралиски долари (840 милиони американски долари), а сега за само 20 милиони австралиски долари, според официјалните податоци.

Многумина во Австралија веруваат дека ова е првенствено одмазда заради отфрлањето на кинеските инвестиции во секторите што Австралија ги смета за стратешки и поради нејзините барања за истрага за потеклото на пандемијата на вирусот корона, која започна во Кина на крајот на 2019 година.

Австралија веќе поднесе жалба на СТО против Кина поради царини за увоз на нејзиниот јачмен.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote