Во следните сезони во европските натпреварување, можно е да дојде до промена на едно од највлијателните правила.
УЕФА ја разгледува можноста голот во гости да биде со иста важност со голот постигнат на домашен терен, правило со кое многу екипи поминувале во натпреварите во нокаут фазата. Ова правило е донесено уште во 1965 година со што и помага на екипата која постигнала повеќе гостински погодоци.
Јувентус и Баерн Минхен испаднаа токму поради ваква причина во Лигата на Шампиони оваа година. Опцијата за промена на правилото се разгледува и завршниот глас ќе го има комитетот составен од челници на УЕФА.